Говор на омраза: Фудбалерите на Македонија ЃП пречекани со скандирање „Бугари“

by fokus

Приврзаниците на ЦСКА Софија со извици „Бугари, Бугари“ ги пречекаа фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров вечерва пред почетокот на реваншот од второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Фудбалерите на Македонија ЃП не одговорија на провокацијата од приврзаниците на „црвените“, кои го наполнија секторот „А“ на стадионот „Бугарска армија“.

Минатата недела Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА го одиграа првиот натпревар во Скопје каде немаше никакви провокации.

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров вечерва претрпеа убедлив пораз  од 4-0.

Поврзани новости