373
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на регионалниот пат Свети Николе-Куманово Украинец со привремен престој во Скопје со мотоцикл хонда излетал од коловозот.
„ Вчера во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл ‘хонда’ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.