Украинската армија соопшти дека соборила неколку руски воени авиони во текот на вчерашниот шести ден од оружените судири.
Украинските воздохопловни сили сопштија за уништени пет руски воени авиони и еден хеликоптер, а информацијата ја објави и киевскиот весник „Украинска правда“.
Авионите наводно биле соборени за времена на воздушните напади врз градовите Василков и Бровари, во околината на Киев, а во непосредна близина на градот биле соборени уште и хеликоптер и крстосувачка ракета.
Според весникот, украинските воени авиони отвориле оган врз колона тенкови на руската армија и врз пешадиски единици во близина на Киев и кај Житомир. Гаѓани биле и руски позиции во северниот регион Чернихив и јужниот украински град Бердјанск, што во моментов е под руска контрола.
Нема потврда од независни извори на овие информации.
Инаку, според податоците на ОН, во воените престрелки во Украина досега се убиени над сто цивили, додека според украинската Влада билансот изнесува повеќе од 150 загинати.