Минатата недела 543 граѓани по втор пат се заразиле со Ковид-19

by fokus

Минатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движел од 13,1% до 24,2%.

Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најмногу од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела.

Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови, за 45,6% помалку во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3% помалку
во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка, а девет на инвазивна/неинвазивна механичка вентилацијa.

Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

Поврзани новости