Украина: Три лица загинаа откако авион принудно слетал бидејќи останал без гориво

by fokus

Три лица загинаа денеска откако украински теретен авион принудно слетал на западот на Украина.

Авионот требал да слета во Лавов, но морал принудно слета затоа што останал без гориво, пренесуваат украинските медиуми.

Според информациите, осум луѓе биле во авионот, тројца загинале, тројца биле повредени додека две лица се водат како исчезнати.

Поврзани новости