470
Украинските вооружени сили во последното известување за ситуацијата на фронтот соопштуваат дека руските сили се во дефанзива во североисточниот регон на Харков.
„Најголема активност е забележана на линијата на фронтот во насока Слободански и Доњецк“, стои во извештајот.
Во меѓувреме се известува дека продолжува бомбардирањето на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол каде се уште одбраната ја држат преостанатите бранители на градот. Киев има информации дека во комплексот има стотина цивили, но таквите тврдења не се проверени.
Украинската страна тврди и дека ја вратила контролата врз неселеното место Питомник кај Харков.