Повеќе од милион смртни случаи од Ковид-19 во САД

by fokus

САД регистрираа повеќе од еден милион смртни случаи од Ковид-19, што значи дека секој 327 Американец умрел од коронавирус или повеќе од целото население во Сан Франциско или Сиетл.

Со 6,7 милиони потврдени смртни случаи на глобално ниво, нема многу места во светот кои не биле опустошени од оваа болест, соопшти СЗО. Според Светската здравствена организација, реалниот број на жртви – вклучувајќи ги и оние кои починале од компликациите предизвикано од Ковид-19, како и оние кои починале од индиректните последици од појавата на пандемијата – веројатно е поблиску до 15 милиони.

Иако досега светот главно почна да се враќа во „старото нормално“, научниците веќе работат на нова засилувачка доза бидејќи вирусот продолжува да мутира.

– Во никој случај не е готово, изјави неодамна главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи.

– Сè уште сме во глобална пандемија, нагласи тој.

Поврзани новости