278
Во Белгородската област, за време на украинскиот напад, еден маж е убиен, а друг е повреден, соопшти локалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„За наша несреќа, во повеќекратното гранатирање на селото Максимовка загина еден цивил. Еден човек возел по патот кога одекнала граната. Починал на лице место“, изјави Гладков, гувернер на Белгород.
Тој додаде дека е повреден уште еден маж кој исто така бил на главниот пат во моментот на нападот.
„Жртвата има шрапнели во стомакот и горните екстремитети. Брза помош го однела во градската болница. Обезбедена е сета неопходна медицинска помош“, додаде тој.