Украина победи на Евровизија!

by fokus

Вечерва во Торино, Италија се одржа 66-та по ред Евровизија. Во финалето настапија 25 земји, а се пееше на 12 јазици.
Победата ја однесе Украина со песната ,,Стефанија” на Калуш Оркестра.

Иако според гласовите од националните жири комисии, најмногу поени доби Обединетото Кралство -283, потоа следуваа Шведска – 258 и Шпанија – 231 поен, сепак одлучувачки беа поените од страна на гледачите.
Заедно со гласовите од гледачите најмногу поени освои Украина – 631. Зад Украина е Обединетото Кралство со 466 поени за Сем Рајдер, кој песната ,,Space man” ја напишал за само 12 минути, а на трето место е Шпанија со Шанел Тереро и песната ,,Сло Мо”.

Уште од самиот почеток, кога беа промовирани песните на земјите учеснички, Украина со песната ,,Стефанија” на Калуш Оркестра важеше за фаворит и константно го држеше првото место во обложувалниците. Инаку, членот на бендот, Ихор, и минатата година учествуваше на Евровизија во Ротердам, но со друг бенд, односно со ГО-А, со песната ,,Шум”.

Србија и Констракта, и покрај тоа што доби низа на позитивни критики, сепак освои вкупно 312 поени и заврши на петтото место.

Македонија со песната ,,Кругови” на Андреа не успеа да се пласира во финалето, а од МРТ најавија дека размислуваат од наредната година земјата да не учествува на Евровизија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости