Баербок: Русија се обидува да предизвика глобална криза со глад

by fokus 23:14
23:14

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека Русија блокирајќи го извозот на житарки од Украина се обидува да предизвика глобална криза со глад.

Таа додаде дека околу 25 милиони тони жито е заглавено во украинските пристаништа, кое му е „итно потребно на светот“.

Баербок, обраќајќи се на крајот на тридневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-7 во Германија, истакна дека Групата седум најразвиени земји итно бара алтернативни патишта за извоз на украинското жито.

Поврзани новости