Украина ќе ги смени сите функционери кои ги избегнуваат воените должности

by Fokus

Функционерите на украинската Влада кои ги избегнуваат своите должности за време на војната брзо ќе бидат сменети, изјави, шефот на кабинетот на украинскиот претседателот Андриј Јермак.

– Секој треба да го разбере своето ниво на одговорност кон државата и нацијата за време на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Ова ќе му се случи на секој кој ќе си дозволи да ги заборави (своите должности), без оглед на титулите и функциите, напиша Јермак на Твитер.

Повеќе од десет функционери беа разрешени оваа недела по серијата скандали и обвинувања за корупција

Поврзани новости