65
Во следните два месеци Украина ќе добие 6 милијарди евра од Европската унија како дел од четиригодишниот заем за Украина, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
Владата очекува да добие 4,5 милијарди евра во март и уште 1,5 милијарди евра во април, рече Шмихал на владиниот состанок, пренесува Ројтерс.
-Украина ќе има ресурси да се бори и да победи. Тоа е нашата клучна цел и ќе направиме се што е можно за тоа – изјави Шмихал.