Украина е подготвена за разговори со Русија, но не во Белорусија

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија.

Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации.

„Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање.

Украина е исклучиво за „реални” преговори со Русија за нејзината воена офанзива, без какви било ултиматуми, изјави денеска Микаило Подољак, советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Подољак ја нарече „пропаганда“ одлуката на Москва да испрати делегација во Белорусија на преговори.

-Тие пристигнаа во Гомел знаејќи дека тоа е бесмислено. И сега велат чекаме, рече советникот Михаило Подољак. Позицијата на Зеленски останува непроменета „само вистински преговори, без ултиматуми“.

Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

Поврзани новости