Украина изгубила половина милион војници, Столтенберг не одговори директно

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг всушност призна дека Украина изгубила половина милион војници за време на воениот конфликт, изјави Јан Гагин, вршител на должноста шеф на Народната Република Доњецк.

На седницата на Европскиот парламент, ирската пратеничка Клер Дејли во своето обраќање до Столтенберг рече дека смета дека е неточно тоа што Украина постепено ја освојува територијата, како и дека Киев досега изгубил половина милион војници.

Сепак, Столтенберг се обиде да избегне директен одговор и рече: -Никој никогаш не рекол дека ќе биде лесно.  Од самиот почеток било јасно дека контраофанзивата ќе биде комплицирана и крвава.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин, неодамна изјави дека украинската контраофанзива целосно пропадна.

 

Поврзани новости