Украина им се закани со затвор на руските граѓани кои патуваат во Крим

by fokus

Претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша закон,  кој се закани дека ќе го затвори секој руски државјанин кој патувал со авион до Крим.

Украински граничари го контролираат влезот по копно на полуостровот, анектиран од Русија во 2014 година. Но, повеќето патници дотаму, преферираат да летаат со авион директно од Русија, која ги третира овие летови како внатрешни. Киев ги смета за нелегално преминување на украинската граница.

Ураинскиот Парламент днеска соопшти дека претседателот го потпишал законот, кој инкриминира слични патувања и предвидува казна до три години затвор. Тој се однесува на руски државјани или секој кој дејствува во интерес на Русија. Според новиот закон, секој руски граѓанин кој патува до Крим со авион или по новиот Керченски мост, ќе стане предмет на кривично гонење во Украина.

Поврзани новости