Лекар со македонско потекло почина во Австралија по напад од ајкула

by Fokus

Даниел Кристидис (33) по потекло од Македонија, вчера почина, откако беше тешко повреден од напад на ајкула на островот Витсандеј, при австралиската сојузна држава Квинслен.

Како што пренесуваат странските медиуми, повредениот 33 -годишниот лекар бил пренесен во болница, но поради тешките повреди починал.

Според соопштението на полицијата во Квинсленд, момчето кое од сојузната држава Викторијa дошло на одмор, било нападнато од ајкула при нуркање.

Лицето било тешко повредено во раката и ногата, а по првата помош на брегот, со хеликоптер било пренесено во болницата „Макај”.

И покрај интервензијата од лекарите, тој им подлегна на повредите.

Поврзани новости