Украина бара итна седница нa Советот за безбедност на ОН

by fokus

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „веднаш“ да одржи седница за заканата што ја претставува Русија за Украина.

Кулеба на Твитер напиша дека најмоќното тело на ОН треба да се состане „за да разговараат за итни дејствија насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање на безбедноста на Украина“.

„Официјално побарав од земјите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации веднаш да одржат консултации според член 6 од М еморандумот од Будимпешта за безбедносни гаранции за да разговараат за итни дејства насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање на безбедноста на Украина“, напиша тој на Твитер.

Во друга објава на Твитер тој потенцира дека не само Украина, туку целиот свет внимателно ги следи дејствијата на Русија во однос на признавањето на т.н. ЛНР/ДНР. ( т.н. Донечка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република кои не се признаени од ниту една членка на ОН).

„Сите ги сфаќаат последиците. Има многу емоции, но токму сега сите треба мирно да се фокусираме на напорите за деескалација. Нема друг начин“, апелира шефот на украинската дипломатија.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека одлуката за признавање на сепаратистичките региони во Украина  ќе биде донесена денеска.

Поврзани новости