332
На 31.03.2019 во 13.00 часот во СВР Скопје, конзулот на Република Монголија во земјава пријавил кражба на државното знаме на Република Северна Македонија, кое било поставено пред Конзулатот на булевар „Јане Сандански“.
Како што велат од МВР кражбата најверојатно се случила во периодот од 15.00 часот на 30.03 до 12.00 часот на 31.03.2019 година.
МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.