Во текот на вчерашниот ден било пријавена кражба од фабрика за масло од канабис кој е во стечај во крушевското село Алданци.
Според официјалните полициски информации кражбата е пријавена вчера околу пладне од раководителот на агенцијата која го обезбедувала објектот а пријавено е дека се украдени 108 шишиња полнети со различна количина на масло од канабис и 6 кеси со цветови од канабис чија тежина не е прецизирана.
„На 19.04.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.