„Храна ќе има, но народот може да биде гладен заради високи цени“

by fokus

Храната ќе ја имаме, но може да се случи народот да биде гладен поради високи цени, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Зголемувањето на цената на прехранбените производи од животинско потекло, посочи дека е поради тројно повисоките цени за храната за животни на светските берзи.

-Веќе има повик од Министерството за земјодлество за нови концесии, за да не остане необработено земјоделското земјиште, а и храната да биде безбедна, рече Бабовски.

Инаку, Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници врши засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца.

– Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи на пазарот неможат да постават небезбеден производ. Целосно се контролира узвозот на храна, преку мониторинг програма за секојдневна контрола, изјави Бабовски.

Поврзани новости