Ниту еден ден не издржаа таблите на спомениците во центарот на Скопје, кои беа поставени вчера, а кои го акцентираат хеленското потекло на претставните херои, согласно Договорот од Преспа. Таблата на Воинот на коњ утринава осамна демолирана, додека таа поставена на споменикот на Филип Втори воопшто ја нема.
На плоштадот „Карпошово востание“ е оштетена и ознаката која беше поставена на споменикот на Олимпија.
Овие табли содржеа текст кој појаснува дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура, што за дел од јавноста е откажување од дел од македонската историја.
Во меѓувреме дел од јавноста изразува револт и поради бришењето на сонцето од Вергина на јавните простории, вклучувајќи ги и шахтите. Некои граѓани самоиницијативно со спреј го враќаат симболот онаму каде што е отстранет.