565
Засега непознат сторител ја украл бронзената биста со ликот на Страшо Пинџур во истоименото скопско основно училиште, во вредност од околу 66.000 денари, стои во билтенот на МВР.
Според пријавата што ја добила полицијата, кражбата на бистата сместена во ОУ“ Страшо Пинџур“, лоцирано на улицата “Лука Геров“, се случила во временскиот период од 30.04 до 02.05.2018 година.
Се работи на целосно расчистување на случајот.