Крадци украле пиштол и ловни пушки кои сопственикот ги чувал во кумановска компанија

by Фокус

Кумановската полиција примила пријава за кражва на оружје во фирмата за производство на метална галантерија и конструкции ДОО „Филос“ од страна на засега непознати сторители.

Според пријавата, тие се прекачиле низ отворен прозорец и одзеле ловна пушка „Бајкал“ модел ИЗ-27, карабин со оптички снајпер марка „Застава М-70“, пиштол марка „Чешка Зброевка“ и ловна пушка марка „Црвена Застава“, кои биле во сопственост на Д.Ф. (64) од Куманово.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости