Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров изјави дека вредноста на неговиот коњ, кој бил украден во Чешка, е погрешно проценета и додаде дека вреди најмалку десет милиони долари.
„Ве молам, не ја намалувајте цената на мојот коњ. Чистокрвниот `Зазу` вреди најмалку десет милиони долари“, напиша Кадиров на Телеграм.
Тој се сомнева дека животното го украле обични крадци на коњи.
„Не верувам дека се глупави да украдат коњ што е под санкции и итрини за да не ги најде полицијата“, рече Кадиров, додавајќи дека е чудно што толку вреден имот е толку слабо обезбедуван.
Претходно беше објавено дека од шталата во селото Крабчице, на западот на Чешка е украден чистокрвен англиски коњ „Зазу“ чија вредност се проценува на околу 18 илјади долари.
Коњот му припаѓа на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров и е дел од имотот што Чешка го замрзна од лидерот на Чеченија врз основа на меѓународни санкции, пренесува Спутник.