Укор ќе добие курирот на Иванов кој му ги предал класифицираните документи на Милошоски

by fokus 14:27
14:27

Курирот од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кој му ги доставил извештаите со строго доверлива содржина на пратеникот Антонијо Милошоски ќе добие укор, пишува сајтот МКД.мк.

Од неофицијални извори порталот дознава дека доставувачот од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов е виновен, бидејќи при предавање на документите не го прашал примачот, во случајов пратеникот Милошоски, дали поседува безбедносен сертификат.

- Advertisements -

Инспектори од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во петокот биле во вилата на Водно за да испитаат дали е прекршена законската процедура при доставување на извештаите од двете лидерски средби за преговорите за името. Овие извештаи стасаа во рацете на Милошоски, а инспекторите од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации го подготвуваат извештајот од посетата на претседателската вила.

Пратката била подготвена од кабинетот на претседателот, а курирската служба на рака му го однела документот. И сега, според претседателскиот кабинет, курирот бил тој што требало да провери дали Милошоски има важечки безбедносен сертификат, а тоа не го направил.

Поврзани новости