Почина беровец кој се повредил додека сечел борови

by fokus

Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане – Царев Дол.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 12 часот. Г.Ѓ.  бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син. Тие му пружиле помош, по што со Итна медицинска помош бил пренесен во болницата Систина – Скопје, но им подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости