Најавеното укинување на Договорот од Преспа од професорката Тања Каракамишева ќе ја врати државата 20 години назад.
Ова денеска го порача првиот човек на владејачката СДСМ, Зоран Заев за придобивките на Македонија од Преспанскиот договор.
„Каракамишева побара поништување на Договорот од Преспа и уставните амандмани за промена на името. Дали Мицскоси и ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се укине или промени Преспанскиот договор? Тоа би не вратило 20 години наназад. Тоа ќе значи укинување на членство во НАТО, ЕУ перспективата. Без Договорот од Преспа ќе исчезне поддршката од нашите стратешки партнери. Владата од СДСМ во последните две години успеа да преговара со Грција за овој договор, како наш европски успех признаен како пример за светот. Тука е целата демократска јавност, со сите политички капацитети, да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе живее. ВМРО-ДПМНЕ да престане со тезите за укинување на Преспанскиот договор. Доста чекоревме назад, нашиот пат е напред“, порача Заев.