Укината е забраната на ЗАМП, македонската музика повторно во етер

by fokus

Mинистерството за култура донесе решение за запирање на извршувањето на одлуката на собранието на ЗАМП, со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување. Според ресорното Министерство одлуката на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за забрана на емитување македонска музика по медиумите е противзаконска.

„Од надзорот на Министерството за култура над одлуката на собранието на ЗАМП се констатираше дека одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права“, се вели во соопштението на Министерство за култура.

Решението на Министерството со кое се запира извршувањето на одлуката на ЗАМП стапува на сила на денот на донесувањето.

„Во оваа пригода уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права“, се додава во соопштението.

Поврзани новости