Судијката Љубинка Башевска и Катица Јанева „се фатија за гуша“

by fokus 11:58
11:58

Вистинска драма се случуваше на судењето за случајот „Пуч“ во Основниот суд Скопје 1 поради тоа што судијката Љубинка Башевска повторно ја одложи главната расправа, а  на тоа жестоко се спротивставија специјалната обвинителка Катица Јанева, обвинетите меѓу кои и Зоран Заев, лидерот на СДСМ и нивните бранители.

„Ова е срамота“, на цел глас викаше Јанева. Гласно реагираше и судијката Башевска која и реплицираше. Според Башевска судењето морало да се одложи бидејќи еден од поротниците се повлекол од лични причини, па на негово место бил поставен нов и уште еден за резерва, но и двајцата не поседувале безбедносни сертификати, кои требало да ги добијат од МВР.

- Advertisements -
Banner 300x250_

-Еднаш во вашата кариера да бидете транспарентни, ја злоупотребувате должноста, цела година ја манипулирате јавноста, како не ви е срам“, рече Јанева.

Откако обвинителката и адвокатот Филип Медарски побараа судијката да се изјасни дали сведокот Никола Груевски е повикан на главната расправа, таа истакна дека го навредувале судот и се закани дека парично ќе ги казни, обвинувајќи ги дека го нарушувале редот.

Судењето е одложено на неопределено – се додека поротниците не ги добијат соодветните документи.

Кога Башевска ја соопшти својата одлука, и обвинетите и обвинителката реагираа дека ваквата одлука е срамна и е донесена по однапред смислено сценарио.

Во кавгата судијката дури три пати им се закани на Јанева и на бранителите дека парично ќе ги казни, но сепак не се осмели да го стори тоа. Таа му забрани на Заев да зборува по што сите револтирано ја напуштија судницата.

В.В.

 

Поврзани новости