668
Укината е домашната изолација за повратниците од странство во земјава. Ова е најновата одлука на Владата. За сите кои се враќаат од странство, останува само задолжителниот државен карантин од 14 дена, а потоа нема да мора дополнителна домашна изолација.
„На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.“, напиша на својот профил на „Фејсбук“, премиерот Оливер Спасовски.