960
Гостиварскиот основен суд доцна попладнево го укина 30 дневниот притвор на Зоран Милески – Кичеец.
Телма дознава дека веднаш потоа решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што ја издржуваше мерката притвор. Тоа значи дека тој се враќа на издржување на затворската казна во затворот во Струга.
Ваквата одлука доаѓа откако Кичеец се жалеше на одлуката на гостиварскиот суд со која му беше одреден притворот а го бараше обвинителството.