450
Притворот на новинарот Зоран Божиновски е укинат, соопшти на Твитер Здружението на новинарите на Македонија.
Македонија со овој потег веќе не е на листата на земји со новинари во притвор.
Божиновски беше во притвор во Шутка откако беше уапсен во Нови Сад со меѓународна потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Тој обвинуваше дека случајот против него е политички монтиран, а ЗНМ и меѓународните организации повеќе пати бараа да биде пуштен да се брани од слобода.