УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

by Fokus

УЈП ги предупредува граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30 јуни 2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата.

„Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата“, соопштија од УЈП.

Поврзани новости