Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во рок од три месеци треба да направи промени на Статутот за да го усогласи со Законот за високо образование, што го изгласа Собранието пред три дена како дел од пакетот реформски закони.
– Како Универзитет имаме законска обврска да се усогласиме со новиот Закон. Тоа значи дека во најскоро време треба да направиме промени, во рок од три месеци, што сметам дека е малку време да се усогласиме со новиот Закон односно да направиме промени во Статутот – изјави ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.
Главни цели на Законот за високо образование се квалитетот на образованието и автономија на универзитетите, а една од новините е формирање агенција за квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одборот за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми).