599
Управата за јавни приходи излезе со најнова листа на должници. На листата се најдоа 1.995 фирми и 2.520 физички лица со доспеани долгови до 30.06.2019 и неплатени до 30.09.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Вкупниот долг кон државата според УЈП изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.
Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железницата, како и повеќе општински комунални претпријатија се дел од јавните претпријатија што се најдоа на листата на УЈП.