Кичевец со моторна пила се пресекол по лицето

by fokus

Жител на Кичево се повредил со моторна пила во текот на вчерашниот ден и веднаш бил пренесен во Клинички центар.

„На 13.10.2019 во 15.15 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека околу 12.45 часот во објект на ул.„Јане Сандански“, Н.В.(51) од Кичево, при работа со моторна пила се повредил во пределот на лицето. Н.В. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости