622
Управата за јавни приходи информира дека од средината на месецов ќе почне со присилна наплата на неплатените сметки за радиодифузна такса.
Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци за присилна наплата и блокирање на нивните сметки.
Дополнително, од Управата посочуваат оти граѓаните ќе можат да извршат плаќање по електронски пат, за да не чекаат на шалтери.