380
Управата за јавни приходи отвори дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава. Лоцирани се во приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници, во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Даночните пријави можат да се поднесат и во Регионалната дирекција, даночниот шалтер во Чаир, како и преку мобилните шалтери на Управата за јавни приходи.
Даночни пријави треба да поднесат сите оние, кои освен приход од плата или пензија, имаат и дополнителни примања. Последен рок за пријавување данок е 15-ти март.