УЈП: Најстариот македонски милионер има 101 година, најмладиот само шест

by Fokus 11:26
11:26

Најмладиот македонски милионер, кој остварил бруто приход во 2019 година над еден милион
денари, е дете, родено во 2013 година, кое печали преку закупнина. Додека највозрасниот граѓанин од оваа категорија, има 101 година. Највозрасниот граѓанин, кој остварил приход над 10 милиони денари, има 86 години. Ова се податоците што ги изнесе директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, или во текот на 2019 година примил над 137.000 евра. Битолчанец остварил најголем прход врз сите основи на Годишна даночна пријава, додека скопјанка има
најголем приход од игри на среќа во висина од 471.000 евра.

- Advertisements -

Стружанец имал нависока плата од 155.000 евра месечно и доаѓа од индустријата со
метали. Највисок остварен годишен бруто доход лани имал граѓанин од Битола, кој успеал да заработи дури 3,4 милиони евра.

По него следува граѓанка од Скопје која имала годишен бруто доход за ланската година од 2,8 милиони евра.

Сепак, овој граѓанин од Скопје кој остварил лани вкупен дохпд од 3,4 милиони евра е многи послаб од ѓраѓанинот кој најмногу заработил во претходната година, 2018, и тоа дури 17,2 милиони евра.

Или, ако биле ланските доходи, сега овој граѓанин би бил на 9-то место, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната традиционална прес конференција.

А највисоката плата лани, за разлика од други претходни дејности, не му припаѓа на здравството, туклу на металската индустрија, ја зел стружанец, кој лани имал вкупна годишна бруто плата од 1,87 милиони евра или месечно 156 илјади евра бруто плата.

Здравството сепак и лани добро котирало, па на листата на наквисоките плати пак е таа дејност, заедно со аптеките, образованието, канцелариски дејности и производство на горна облека.

Највисоко лично примање по друг основ, пак, во 2019 било вкупно годишно 789 илјади евра, за повремено вршење услуги кон градежниот сектор.

Поврзани новости