344
– Апелираме граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи ќе почнеме постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, соопшти денеска УЈП.
Граѓаните имаат можност да извршат проверка на својот долг за радиодифузна такса преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk.
Состојбата за долгот за радиодифузната такса се наведува и во Решението кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец.