ОМД: Во Македонија постојат луѓе кои сакаат да го нарушат угледот на државата

by Фокус

-Во, но и вон-Македонија, постојат луѓе и групи кои со нивните етноцентрички интереси и убедувања се обидуваат да сoздадат раздор и го нарушуваат угледот на државата. Но, во овие важни времиња, ние Македонците и пријателите на Македонија, стоиме заедно и сме сплотени повеќе од кога било, со една и единствена цел – да го одржиме и усовршиме она за кое се бореле илинденските револуционери и сите по нив, а тоа е бескомпромисно демократска и суверена Република Македонија, стои во пишаната изјава од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) по повод денешниот празник.

Визијата на ОМД е, како што велат тие, Македонија да биде модел за демократија, што сите други држави во регионот ќе се стремат да го достигнат.

-ОМД верува дека Илинденското востание служи како постојан потсетник за секој Македонец, независно од тоа каде се наоѓа во светот, за маките, страдањата и посветеноста на нашите предци да се изборат за суверена и независна Република Македонија. Додека го славиме Илинден, од голема важност е да се потсетиме и на идеите врз кои е основана Република Македонија – татковина на Македонците, нација составена од различни култури и религиски групи, и држава што ќе биде совршен пример за демократијата во Југоисточна Европа, се вели во пишаната изјава.

Поврзани новости