Управата за јавни приходи го подготви системот за пресметка и уплата на придонесите на приходите од договори на дело, авторски договори и други договори согласно законските измени кои предвидуваат плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување на хонорарите.
На својата интернет страна, УЈП објави калкулатор кој е помошна алатка за утврдување на основицата за пресметка на придонесите за извршената работа.
Како што е познато, владејачкото мнозинство се повлече од првичната намера да се плаќаат придонеси на висина на целиот хонорар, па преку нови законски измени утврди тие да се пресметуваат на разликата над минималната плата од нецели 10.000 денари.
Инаку, вчера се оддржа протест на кој учесниците побараа целосно укинување на ваквата законска обврска и донесување на сосема нов закон, до кој би се дошол по пат на сеопфатна и инклузивна дебата.