Ахмети: Резервите на граѓаните во судството се огромни

by Фокус 12:42
12:42

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на средбата со германските пратеници, го покани официјален Брисел да го зајакне посредничкиот тим помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и со свои експерти да го следи случајот „Пуч“.

Исто така, од ДУИ соопштија дека Ахмети побарал и официјален Брисел да формира експертски и политички тим за да ја врати доверливоста и кредибилитетот меѓу засегнатите страни.

- Advertisements -

„Резервите на граѓаните во судството се огромни“, истакнал тој, додавајќи дека државата се соочува со предизвици во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите.

 

Поврзани новости