УЈП ги потсетува граѓаните задолжително да поднесат Годишна даночна пријава

by fokus

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните дека и оваа година имаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава за претходната година. Како што велат од УЈП поднесувањето на ГДП е задолжително, а мотото на кампањата гласи „Се можеш да се заборавиш, ама данок не“.

ГДП треба да поднесат граѓаните кои во 2017 оствариле приходи во земјата и од странство по основ на:

-награди, бонуси и други надоместоци од работен однос;
-кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права и права од индустриска сопственост;
-дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица;
-капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот;
-добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари (по поединечна добивка);
-приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници;
-приходи од интернет (пр. е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни,
поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози – дојави на типови за спортски натпревари);
-лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република
Македонија;
-работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација…;
-и други дополнителни видови на приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.

Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) граѓаните можат да ја преземат преку веб страницата ujp.gov.mk и да ја поднесат во даночните шалтери, преку пошта или електронски преку etax-fl.ujp.gov.mk

Поврзани новости