Управата за хидрометеоролошки работи за денеска попладне најавува повремени врнежи од дожд во источните делови, кои во вечерните часови ќе се прошират низ цела територија на земјава, кои ќе продолжат и преку ноќта кон недела и ќе бидат пообилни во јужните делови.
Од утре попладне до понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои најпрво ќе започнат во јужните делови, а до крајот на денот ќе се прошират низ целата земја. Поинтензивни врнежите ќе бидат во текот на ноќта, како и во недела преку денот. На повеќе места до понеделник наутро се очекува да наврнат 35 л/м2 дожд.
Еве ги препораките кои координативното тело за управување со кризи вчера упати препораки до локалната самоуправа и до градоначалниците,
– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
– да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
– градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
– да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
– континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
– локалните самоуправи да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
– сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
– припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
– возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.
Во меѓувреме од АМСМ соопштија дека на повеќе патни правци има одрони поради што сообвраќајот е во прекин.
Најсериозна е состојбата на патот Кочани – Делчево каде има одрон со голема количина на материјал, , па како алтернативен правец се препорачува патот Виница – Смојмирово – Делчево.