Јакимовски: Заев ми бараше 250.000 евра, вие немате право да зборувате за криминал

by Фокус

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната седница на општинскиот Совет рече дека Зоран Заев во една прилика му побарал 250.000 евра.

-Тој ваш лидер што се вика Зоран Заев од мене има побарано 250.000 евра. Во тоа ливче, кое го чувам, со неговото ракопиче пишува 50 илјади евра за црквата, 50 за спортот на село, 50 илјади за културата и 100.000 евра за Ромите. Дали го сакате ливчето оригинал или копија? И ќе се прашате зошто токму инвеститор од Струмица избега? Токму заради овие пари кои ги бараше вашиот лидер. Вие имате најмалку право да зборувате за криминал во оваа држава, им се обрати Јакимовски на советниците од СДСМ.

Советниците од СДСМ на седницата реагираа дека донесувањето на ДУП-от за Тафталиџе 2 ден пред Бадник е нетранспаретно донесен, по што следуваше обвинувањето од Јакимовски.

Од СДСМ  ваквите обвинувања од Јакимовски ги оквалификуваа како лага, кои имаат цел, како што рекоа, да се одовлекува јавното внимание.

Поврзани новости