УХМР предупредува дека има услови за невреме

by Fokus

Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР) излезе со вонредна информација и предупредува на невреме.

„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град“, велат оттаму.

Инаку, во регионот неколку дена по ред има невреме.

Поврзани новости