Угриновски: Црквата сака да ни го одземе планинарскиот дом на Матка на криминален начин

by Фокус

Федерацијата на планинарски спортови во име на над 30 илјади планинари денеска јавно побара од надлежните да го спечат одземањето на планинарските домови од институции и поединци. Првиот човек на федерацијата, Јовица Угриновски, обвини дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија сака на криминален начин да им го одземе домот во Матка после 75 години користење.

– Од 1940 година домот „Матка“ е доделен на планинарите, по војната во средината на 60.те години е земен под владение од планинарите и во следните години е дограден, реновиран. Во 1987 година домот е преземен од Спелеолошко друштво „Пеони“. Во 2008 година добиен е поседовен лист од Катастарот. Во 2009 година, одеднаш, преку ноќ, Комисијата за денационализацијата, планинарскиот дом го преименува во конак. Две години подоцна, на 15.11 издаден е документ од Катастар на кој планинарскиот дом „Матка“ е во сопственост на ФПСМ, а само еден ден подоцна од истата државна институција излегува поседовен лист на има МПЦ – ОА. На 15 еден сопственик, на 16 друг. На ова и Коперфилд може да позавиди, како со волшебно стапче Катастарот врши промена на сопственост – посочи Угриновски, кој воедно ја повикаа Црквата да каже по кој основ станала сопственик на домот, односно дали го купила, наследила, изградила или го добила на подарок?

За овој проблем пишува и неделникот Фокус, кој во најновиот број објавува наводи архивска и службена документација издадена од разни институции, според која Планинарскиот сојуз го добила, користела и се грижела за овој објект долги години, пред да го преземе МПЦ искористувајќи стара катастарска грешка направена при премерот во 1961 година. Иако оваа грешка ја признава и Катастарот, судот пресудува во кроист на Црквата.

 

Поврзани новости