Влахов Мицов: НАТО и ЕУ се фашистички институции, кој е за нив тој е против македонскиот народ и држава

by Fokus

Стефан Влахов Мицов, заменик претседател на партијата „Единствена Македонија“ вели дека целта на ЕУ е да ја уништи македонската економија.

-Целта на ЕУ е да ја уништи нашата економија, прво, преку наметнување на неквалитетни производи од западот, второ, преку сопки и квоти за македонските производи, трето, преку странски фирми кои доаѓата и го заробуваат народот во Македонија со плати од 100 евра, и четврто, сето тоа е притисок врз македонскиот народ и младите да емигрираат од државата. Како што НАТО е воен блок на САД, така и  ЕУ е продолжена рака на САД, тие се фашистички институции и одат заедно. Кој е за САД, НАТО и ЕУ тој е против македонскиот народ и држава“ – истакна Влахов Мицов.

Поврзани новости