572
Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновски вечерва е гостин на телевизија 24 каде гости се и членови на планинарски друштва од Македонија.
Запрашан од едната гостинка планинарка за фактот дека водичот кој ја предводеше турата на Кајмакџалан при која загинаа Калина и Александар немал зимска лиценца, Угриновски најправо ја праша од кое планинарско друштво е таа, а потоа и рече дека извештајот за турата е предаден во јавното обвинителство и тој нема неа да и одговара, бидејќи таа не јавен обвинител.
При крајот на емисијата прашан од новинарката дали водич со летна лиценца може да организира зимска тура иако нема зимска лиценца, Угриновски рече дека тоа е дозволено и дека може.